18 Мај, 2024
0.2645

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО ГАЗИ БАБА: Во вооружена пресметка едно лице има прострелна рана, друго е прободено со нож

Објавено во: Македонија 07 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

По инцидент кој синоќа се случил во близина на бензинската пумпа во Гази Баба, повредени се две лица по што и двете се пренесени во болница. Едното лисе има повреда од прострелна рана, другото е прободено со ладно оружје. Полицијата го истражува случајот.

-Според првичните информации, синоќа во 19.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на бензинската пумпа на подрачје на Гази Баба има едно повредено лице. Подоцна била добиена информација дека со возило „ауди“ лицето С.И.(33) од с.Сингелиќ било донесено со повреда од остар предмет во Градската општа болница „Наум Охридски“.  Од местото на настанот, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Е.Е.(31) од с.Арачиново, со прострелна рана и од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот обезбедени се возилата „сеат“, и „голф“ со скопски регистарски ознаки, чаури и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.


Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање