18 Мај, 2024
0.2916

КРВНИЧКИ ЈА ПРЕТЕПАЛ НА СМРТ ЖЕНАТА СО КОЈА ЖИВЕЕЛ - кој е 27-годишниот скопјанец

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Драматично убиство се случило на 10 мај годинава, кога дваесет и седум годишен човек ја претепал крвнички жената со која живеел, по што таа од нанесените повреди починала. 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје вчера донел Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишно лице, осомничено за кривично дело - Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, на 10 мај, во раните утрински часови, во куќа на улицата ‚Перо Наков', при вршење семејно насилство, со умисла лишил од живот жена со која живеел во заедничко домаќинство и со која имал блиски лични односи. Тој со повеќе удари со раце и нозе во пределот на главата и по целото тело и нанел повеќе телесни повреди - хематоми, од кои кај неа се развил трауматски шок и настапила смрт“, соопшти Обвинителството.

Оттаму нагласуваат дека на ова лице му е одреден притвор.

„Поради тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, основан страв дека осомничениот би можел да ги скрие трагите на кривичното дело или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, како и особени околности кои укажуваат дека тој би можел да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерка притвор за осомниченото лице“, соопшти обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање