КУМАНОВО: Малолетник заврши во болница поради повреди од петарди
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2025
Малолетник од Куманово заврши во болница поради повреди од петарди.
Лекар од Општа болница Куманово вчера пријавил во полиција дека кај нив со повреди е донесен малолетник. Тој со повредите се здобил од пиротехнички средства-петарди.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
На нова година дете од Скопје се здоби со повреди од петарди, заврши во болница и најверојатно ќе остане со траен инвалидитет на раката.