01 Јуни, 2024
0.0478

Куновска: Заев заедно со своите најблиски соработници да замине веднаш

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Aктерката и поранешна пратеничка и претседателка на Форумот на жени на СДСМ, Софија Куновска бара премиерот Зоран Заев да си поднесе оставка. 

Вели дека Заев, заедно со своите најблиски соработници, треба да замине веднаш од СДСМ и од функцијата премиер. 

„Во историска смисла, оваа отсечка ќе биде еднакво грозна како и владеењето на Никола Груевски и неговиот режим. Тој драматично ја уназади цивилизациски, поточно економски, образовно, културно, а особено идентитетски барајќи ги корените кај Хунзите и Александар Велики. Оваа гарнитура продолжува со истиот идентитетски инженеринг, но во спротивната насока, трампајќи ги вистинските корени, со сосед со јасни вековни аспирации, за трговска зделка, онеспособувајќи ги на дневна основа, заради својата неспособност, сите витални системи на државата“, пишува Куновска.


Додава дека ова е најсрамната презентација на меѓународна сцена која ќе се памети

„Бидејќи не заслужуваат повеќе, во оваа пригода во фуснота само сакам да посочам уште некоја дилема: Навистина ли мислат платениците од медиумите дека и ова ќе им го голтаат граѓаните? Имаат ли лимит? Посебно сум љубопитна, дали по сѐ ова ќе има трансформација на досегашната соработка на бизнис-комитите од ВМРО со актуелниот премиер“, додава таа.

Интервјуто на Заев дадено за БГНЕС предизвика многу реакции. 

Реагираа политичари, но и историчари. 

Можеби ќе ве интересира

„Кога ќе ги прашаат грчките политичари дали во Грција е напишано уставното име на МК“: Трајкоска за заканите од соседите

„Кога ќе ги прашаат грчките политичари дали во Грција е напишано уставното име на МК“: Трајкоска за заканите од соседите

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР, УАПСЕНИ 28 ДИЛЕРИ - еден избегал при што оштетил три полициски возила

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР, УАПСЕНИ 28 ДИЛЕРИ - еден избегал при што оштетил три полициски возила

„Прв човек за безбедност лице за кое постојат сомнежи за корупција“: Ковачки распали за Буши „се разбира од европскиот фронт на ДУИ“

„Прв човек за безбедност лице за кое постојат сомнежи за корупција“: Ковачки распали за Буши „се разбира од европскиот фронт на ДУИ“

„Докторската и раководната титула не е борба само за плата, туку за подобри услови за пациентите“: Стоилковски бара одговори за состојбата на Хирургија

„Докторската и раководната титула не е борба само за плата, туку за подобри услови за пациентите“: Стоилковски бара одговори за состојбата на Хирургија

„ЈАС НЕ БИ ЈА ПОТЦЕНУВАЛА АРМИЈАТА“: ексминистерката за одбрана без јасно објаснување зошто ја подаривме воената опрема

„ЈАС НЕ БИ ЈА ПОТЦЕНУВАЛА АРМИЈАТА“: ексминистерката за одбрана без јасно објаснување зошто ја подаривме воената опрема

„Во типично војнички манир долови дека неговиот ментален склоп е неспојлив со демократија“: Прешова остро кон Џафери

„Во типично војнички манир долови дека неговиот ментален склоп е неспојлив со демократија“: Прешова остро кон Џафери

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ - СИЛЕН ДОЖД И ГРАД ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ: синоптичарите најавуваат сончево време, но ќе има и невреме

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ - СИЛЕН ДОЖД И ГРАД ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ: синоптичарите најавуваат сончево време, но ќе има и невреме

„Дали Курто, Селим, Мерко и Иџет ќе ја потпишат петицијата на ДУИ до Брисел?“: Милошоски распали за „писмото на опозиционерите“

„Дали Курто, Селим, Мерко и Иџет ќе ја потпишат петицијата на ДУИ до Брисел?“: Милошоски распали за „писмото на опозиционерите“

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ДЕНЕС ПОЛАГААТ ПРВ ТЕСТ ОД ДРЖАВНАТА МАТУРА - за прв пат ќе се полага во холови и спортски сали

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ДЕНЕС ПОЛАГААТ ПРВ ТЕСТ ОД ДРЖАВНАТА МАТУРА - за прв пат ќе се полага во холови и спортски сали