01 Септември, 2024
0.0459

ДУИ: На ВМРО - ДПМНЕ треба да им биде јасно дека Владата не е играчка во нивни и ничии раце

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Владата не е нивна играчка, му порача Демократската унија за интеграција(ДУИ) на ВМРО-ДПМНЕ. 

ДУИ преку соопштение објави дека е скандализирана од, како што велат, навредливиот наратив на ВМРО - ДПМНЕ кој го потврдува флагрантното кршење на изразената изборна волја на албанскиот народ и другите етнички заедници, чие соединување во Европскиот фронт се покажало како втора политичка сила во државата.

„За скандалозниот израз ‘Ахмети да престане да се однесува како палаво дете кое плаче за играчка која не е негова’, на ВМРО - ДПМНЕ треба да им биде јасно дека Владата не е играчка во нивни и ничии раце и кршењето на волјата на суверенот е антидемократски чин и против Охридскиот договор“, велат од ДУИ.

Како  што се додава, ДУИ останува доследна на својот став за почитување на гласот на албанскиот народ и другите етнички заедници, бидејќи тоа е единствената гаранција за стабилност и прогресивен континуитет на земјата.

„Оваа земја е заедничка и секој треба да придонесе за здрави меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и партнерство со Соединетите Американски Држави. Никој да не мисли дека народот ќе дозволи враќање назад од започнатиот пат на еднаквоста и европскиот пат! Целосниот изборен и демократски легитимитет и кредибилитет му припаѓа на Европскиот фронт и безусловното вазалство на губитниците е предодредено да пропадне бидејќи ја нема поддршката од народот“, додава ДУИ.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ порача дека ДУИ не треба да се однесува како дете што плаче за играчка.  Инаку, ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе ја формираат новата Влада. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски нема да го исполни барањето на Арсовска, а приватните превозници најавија редуциран превоз

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

ЈАНЕВСКА: Протестите најавени за утре ги организира СДСМ кој остави буџетска дупка

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

СЕ СКАРАЛЕ ВО ДВОРОТ НА ЏАМИЈАТА: Притвор доби тетовчанецот кој со нож го повреди соселанецот во Стримница

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

ТАТКОТО ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА: Исчезна малолетничка

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

УШТЕ ЕДНА РЕАКЦИЈА ОД ГРАД СКОПЈЕ: МОН да ја одобри исплатата на вработените во училиштата под надлежност на Град Скoпје

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

AЛЕКСАНДАР ПАНДОВ: Неопходни се инвестиции во македонскиот затворски систем

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

ГРАД СКОПЈЕ: Наместо конструктивност, од Владата одлучија да се служат со селски итроштини

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

МИЦКОСКИ НЕМА ДА ГО ИСПОЛНИ БАРАЊЕТО НА АРСОВСКА: Нема да набави 250 автобуси

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести

НЕДЕЛКОВ СЕ ОГРАДИ: Нема да учествуваме на партиски организирани протести