11 Декември, 2025
0.0796

Купувајте злато, ќе продолжи да поскапува

Објавено во: Свет 16 Ноември, 2012 10:06

Добивај вести на Viber

Златото најверојатно ќе поскапи над 2000 долари за унца следната година, бидејќи централните банки ќе продолжат со своите програми за инфузија на ликвидност, коментира Рејмонд Кеј, директор за трговија со метали на Дојче Банк, пренесува Блумберг. „Ќе ја  поминеме границата од 2000 долари и веројатно ќе отидеме дури уште подалеку", вели Кеј, кој додава „Ова ќе се случи ако централните банки продолжат да печатат пари." Златото најверојатно, 12-та година по ред ќе бележи поскапување поради стравувањата дека ликвидните програми на владите и централните банки ќе ја намалат вредноста на валутите и ќе доведат до инфлација. Златото што поскапе и до рекордни 1921,15 долари за унца на 6 септември 2011 година, во моментов се тргува за околу 1728 долари за унца. На 5 ноември златото на берзите поевтини до 1672,75 долари за унца, што е најмногу последните 9 месеци,  откако беа објавени добрите податоци за вработеноста во САД кои го зајакнаа доларот. Бразил, Јужна Кореја и Русија се меѓу земјите кои од почетокот на годината ги проширија златните резерви, покажуваат податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). „Додека централните банки во светот купуваат злато, а макроекономската ситуација останува несигурна, побарувачката на злато ќе остане доста голема“, вели Џејми Сокалски, извршен директор на „Toronto Barrick Gold Corp.“

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?