20 Декември, 2025
0.0403

Курдската работничка партија прогласи крај на примирјето со Турција

Објавено во: Балкан 05 Ноември, 2015 15:25

Добивај вести на Viber

Курдската работничка партија (ПКК) објави дека престанува со едностраното примирје во Турција, кое беше објавено пред еден месец.

Ставаме крај на едностраниот прекин на огнот поради политиката на воените дејствија на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и последните напади, се вели во соопштението на ПКК.

ПКК прогласи примирје на 10 октомври.

„Јасно е дека запирањето на воените дејствија може да се постигне само со нова волја за изнаоѓање на решение за курдскиот проблем во рамките на турската држава и со преговори насочени кон изнаоѓање на такво решение“, се вели во соопштението на ПКК.

„Ги повикуваме сите курдски народи, народите на Турција и демократските сили да ја засилат својата борба“.

Последните месеци беа одбележани од крахот на двегодишното примирје помеѓу Анкара и борците на ПКК. Со тоа отпочнаа и жестоките борби помеѓу двете земји и загинаа стотици луѓе.

Осумнаесет лица загинаа во судирите со армијата во главниот курдски југоисточен регион во Турција во четвртокот, со што оваа недела бројот на жртвите се зголеми на повеќе од 40. Повеќе од 40 илјади луѓе загинале од почетокот на немирите во 1984 година.

Воените операции во реонот на Јукшекова доаѓаат по одделни изјави на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу, кои се заканија дека нема да отстапат од борбата против ПКК.

Армијата потврди дека двајца војници загинале во борбите во Јукшекова, која веќе неколку месеци е зафатена од немири, а од почетокот на неделава судирите се засилија.

ПКК не го потврдила бројот на жртвите од нејзина страна. Минатиот месец бунтовничката група објави дека ги прекинува нападите против државата по двојниот бомбашки напад во Анкара, во кој беа убиени над сто лица и за кој е осомничена „Исламска држава“.

„Нема да има повлекување“, изјавил Ердоган во средата и додал дека борбата против ПКК ќе продолжи додека не бидат ликвидирани сите нејзини борци.

ПКК започна сепаратистичка вооружена борба во 1984 година, по што ја омекна својата цел за подобрување на правата на 12-те милиони Курди во Турција.

Можеби ќе ве интересира

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај