26 Април, 2024
0.0280

Курти: Во Косово малцинствата сочинуваат околу осум отсто, во Србија околу 20 отсто

Објавено во: Балкан 29 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Наместо Вучиќ да жали што му бил министер на Милошевиќ, тој жали што излегов од затвор, вели косовскиот премиер Албин Курти. Тој се лути затоа што Србија не сака да го признае Косово и го смета за вештачка држава. 

Курти изјави дека е подготвен да разговара за обединувањето на српските општини и правата на Србите на Косово, како дел од дискусијата за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина врз основа на предлозите на Германија и Франција.

Во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, Курти рече дека во изминативе десет години во Брисел се склучени 33 договори, од кои две третини не се имплементирани во Србија.

„Србија сака да го издвои тој еден договор и да ги игнорира преостанатите 32, како и германско-францускиот план. Нема да учествувам во тоа“, рече Курти.

Тој наведува дека Србија во „вештачката држава“ сака заедница на српски општини. 

„Српското решение е „не постоите, но ние сакаме нешто од вас“. Тој нема да може да го направи тоа. Покрај тоа, кога молите за нешто, секогаш треба да имате на ум дека истата молба може да биде упатена и до вас. Во Косово, малцинствата сочинуваат околу осум отсто од населението, во Србија околу 20 отсто. Србија треба да се грижи за принципот. Дополнително, и нашиот Уставен суд рече дека ЗСО не е во согласност со Уставот на Косово“, рече Курти.

За високиот претставник Жозеп Борел дека на неодамнешните разговори во Брисел тврдоглаво се противел на компромисот, Курти рече дека „не е тврдоглав, туку верен на принципите“.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице