26 Април, 2024
0.0310

Лани 10 милиони евра повеќе потрошени за лекови во болниците и поликлиниките

Објавено во: Економија 18 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Лани 10 милиони евра повеќе потрошени за лекови во болниците и поликлиниките, помалку во аптеките

Лани во болниците и поликлиниките се потрошиле 10 милиони евра повеќе пари за лекови платени од Фондот за здравствено осигурување, додека за лекови на рецепт за прв пат по повеќе години во низа имало „заштеда“ на пари во однос на една година претходно, иако 2020 е прва година со целосно укинати квоти во аптеките. 

Ова е прикажано во годишниот извештај на ФЗОРСМ за 2020, што може да се објасни со зголемениот број на хоспитализации поради корона-кризата во 2020. За снабдувањето со лекови на здравствените установи на секундарно и терцијарно ниво на здравствена заштита, кое се спроведува од самите здравствени установи и Министерството за здравство биле потрошени 5,5 милијарди денари. 

Тоа се пари за болничката здравствена заштита од Листата на лекови кои паѓаат на товар на фондот со утврдена референтна цена на која се вкупно 309 лекови по генерика со одредена фармацевтска дозажна форма и јачина. 

Според податоците од трезорот, претходно во 2019 година,, јавните здравствени установи за лекови потрошиле околу 4,9 милијарди денари, односно 12 отсто помалку во однос на 2020.

Од друга страна, потрошувачката на лекови на рецепт на товар на Фондот преку аптеките иако бележи континуиран раст во изминатите години, лани низата е запрена, што може делумно да се објасни и за стивнувањето на другите заболувања.

Во 2020 година на товар на ФЗОРСМ во ПЗУ аптеките биле реализирани вкупно 24.554.329 рецепти во износ од 2.781.182.198 денари. Иако бројот на рецепти е зголемен за повеќе од 250.000, сумата е намалена за околу 40 милиони денари.

„Потрошувачката на лекови зависи од повеќе фактори како што се: структура на Листата на лекови, бројот и структурата на осигурениците, навиките на лекарите за пропишување лекови на рецепт, нарачките и набавките на лековите во аптеките, застапеноста и дистрибуцијата на лекови во државата, цените на лековите кои се утврдени од фармацевтските производители и формираните цени на лекови кои се одобрени од Министерството за здравство, и други. Во 2020 година потрошувачката на лекови беше и под големо влијание на пандемијата со КОВИД 19. Исто така, во октомври 2019 година беа укинати квотите, што значи дека во 2020 година во целост немаше ограничувања во месечните износи на средства кои аптеките можеа да ги фактурираат до Фондот.“, се вели во извештајот на ФЗОРСМ.

И во 2020 година на прво место по бројот на реализирани рецепти и според вкупниот фактуриран износ се лековите за третман на заболувања на кардиоваскуларниот систем. Лековите од оваа група бележат постојан раст. Во 2020 година се реализирани приближно 10,65 милиони рецепти во износ од 354,7 милиони денари.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката