27 Април, 2024
0.0360

Лас Вегас во Македонија: Раст на бројот на автомати и обложувалници

Објавено во: Економија 24 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Државата наплатила за една година 53,4 милиони евра од сите давачки кои се однесуваат за приредување игри на среќа. Во извештајот на Државниот завод за ревизија кој се однесува на буџетот на државата стои дека ова се 1,94 отсто од буџетот, а дека наплатата на овие давачки има нагорен тренд. Во оваа сума влегуваат посебните двачки од игри на среќа, даноците на доход од добивките, месечните паушали и надоместокот за лиценци. Сепак она што е значајно е што има значаен раст на бројот на отворени автомат клубови и обложувалници во последните три години.

Така ако во 2018 година во земјава имало 230 автомат клубови, што е за 39 повеќе од годината претходно. Или во 2017 година имало 191 вакви клубови. Во 2016 година пак нивниот број изнесува 131.

Ако се анализираат обложувалниците, во 2018 година нив ги има вкупно 750, што е за 107 повеќе отколку што биле во 2017 година кога функционирале 643 обложувалници. Бројот е зголемен за 16 проценти. Во 2016 година пак во земјава имало 535 обложувалници.

Бројот на казина стагнира, односно ако во 2016 година биле 6, во 2017 и во 2018 година работеле  пет казина.

Во извештајот стои дека Управатa за јавни приходи е надлежна да ги контролира овие субјекти, а во 2018 година направени се вкупно 970 надворешни контроли.

Инаку и ревозирите забележуваат што граѓаните често играат игри на среќа на интернет, а поради тоа што странските субјекти не се регистрирани во зeмјава никој не води контрола за тоа колку пари на ваков начин заработуваат. За тоа не се плаќа ни данок, а ревизија смета дека на ваков начин се создава нелојална конкуренција, па бараат Министерството за финансии и Агенцијата за електронски комуникации да иницираат активности за законско регулирање на странските интернет страни.

A.T.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра