10 Мај, 2024
0.0624

Лазаров: Разрешени се медицинските сестри кои Филипче ги убедуваше да останат на Инфективна

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Медицинските сестри што дадоа отказ од Инфективна, а кои експресно ги прими загрижениот министерот другиот ден, експресно и се разрешени од местата одделенска т. е главна сестра после состанокот. Оваа информација на официјалните мрежи ја сподели доктор Ненад Лазаров.

Случајот минатата недела ја разбранува јавноста. Тогаш беше објавено дека Главната медицинска сестра и уште две нејзини колешки си дале отказ од Клиниката за инфективни болести. Во отказите кои протекоа и на социјалните мрежи, главната медицинска сестра наведува дека една од причините за заминувањето е и деградирање на професијата.

„Барам да ми го прифатите отказот од работа, со претходна најава од месец дена,  во кој период ќе го користам годишниот одмор од 2019 и 2020 година. Причините да ја напуштам клиниката по 28 години професионална работа се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра, како една од најважната алка во медицинскиот тим – наведува главната медицинска сестра во нејзиното барање до раководството на Инфективната клиника.

Веднаш потоа Венко Филипче, министерот за здравство, на Фејсбук објави фотографија со трите медицински сестри, меѓу кои и главната на Клиниката за инфективни болести, и објави дека ќе ги убедува да останат на работа. Тие побараа отказен рок откако се пожалија дека наишле на недостоинствен однос во центарот каде што се води најголемата борба со Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира

Во Собранието ќе има 30 пратеници етнички Албанци

Во Собранието ќе има 30 пратеници етнички Албанци

„СЕ ГЛЕДАМЕ ВО НОВИОТ СОБРАНИСКИ СОСТАВ“: Да ги преброиме зулумите, да ги израмниме есапите, порача Апасиев

„СЕ ГЛЕДАМЕ ВО НОВИОТ СОБРАНИСКИ СОСТАВ“: Да ги преброиме зулумите, да ги израмниме есапите, порача Апасиев

АНГЕЛОВ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ: Се ќе беше поинаку доколку, оние кои требаше, го сфатеа сериозно моето предупредување

АНГЕЛОВ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ: Се ќе беше поинаку доколку, оние кои требаше, го сфатеа сериозно моето предупредување

ЗАРАДИ ЛОШИОТ ИЗБОРЕН РЕЗУЛТАТ, СЕ БАРА ОСТАВКА ОД АРСОВСКА: „По ваквиот резултат јасно е дека таа го загуби кредибилитетот да го води Скопје„, вели Стефковски

ЗАРАДИ ЛОШИОТ ИЗБОРЕН РЕЗУЛТАТ, СЕ БАРА ОСТАВКА ОД АРСОВСКА: „По ваквиот резултат јасно е дека таа го загуби кредибилитетот да го води Скопје„, вели Стефковски

ПО ИЗБОРИТЕ СЕ ОГЛАСИ И АХМЕТИ: Ќе продолжиме да бидеме штитот од штетното руско влијание

ПО ИЗБОРИТЕ СЕ ОГЛАСИ И АХМЕТИ: Ќе продолжиме да бидеме штитот од штетното руско влијание

ПАДНА УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ВО НИЗАТА: И Лукаревска заминува од подпретседателското место во СДСМ

ПАДНА УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ВО НИЗАТА: И Лукаревска заминува од подпретседателското место во СДСМ

НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА: Која иднина ја нудат пратениците од оваа партија?

НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА: Која иднина ја нудат пратениците од оваа партија?

ЕВЕ КАКВИ ОБЛАЦИ НАДВИСНАА ВЧЕРА НАД СКОПЈЕ: Некаде имаше град, некаде пороен дожд и силни електрични празнења

ЕВЕ КАКВИ ОБЛАЦИ НАДВИСНАА ВЧЕРА НАД СКОПЈЕ: Некаде имаше град, некаде пороен дожд и силни електрични празнења

„ГОСПОДА МАЖИ, ДРЖЕТЕ СЕ, СЕГА ЌЕ ВИДИТЕ НА ДЕЛО ШТО Е ЖЕНСКА СИЛА“: Малеска вели, оти претседателката најавила дека ќе се опкружи со жени слични на неа

„ГОСПОДА МАЖИ, ДРЖЕТЕ СЕ, СЕГА ЌЕ ВИДИТЕ НА ДЕЛО ШТО Е ЖЕНСКА СИЛА“: Малеска вели, оти претседателката најавила дека ќе се опкружи со жени слични на неа