ОД ИНФЕКТИВНА ЗАМИНУВААТ ТРИ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ: Главната и уште две дадоа отказ во време кога се влошува состојбата со Ковид-19
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2020
Главната
медицинска сестра и уште две нејзини колешки си дадоа отказ од Клиниката за
инфективни болести. Документите протекоа и на социјалните мрежи, а во своето
барање поднесено на 21.септември, главната медицинска стестра наведува дека
една од причините е деградирање на професијата.
-Барам да ми го прифатите отказот од работа, со претходна најава од месец дена, во кој период ќе го користам годишниот одмор од 2019 и 2020 година. Причините да ја напуштам клиниката по 28 години професионална работа се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра, како една од најважната алка во медицинскиот тим – наведува главната медицинска сестра во нејзиното барање до раководството на Инфективната клиника.
Освен неа, отказ од работните места си дале уште две медицински сестри, едната е на Оддлението за Ургентна инфектологија, а другата од Одделението за неуроинфекции.
Ова наиде на реакции по социјалните мрежи, за што пост на својот профил на Фејсбук има и д-р. Ненад Лазаров, кој ги објави отказните барања на трите медицински сестри.
-Причините ќе оставам да ги кажат надлежните, сестрите си кажале, ова е сериозна загуба за системот во многу лошо време, пишува д-р. Лазаров.
Денеска со конкретни информации треба да излезе раководството на Клиниката за инфективни болести, бидејќи барањата за отказ на дури три медицински сестри доаѓаат во време кога здравствените власти велат дека состојбата со епидемијата на корона вирусот во земјава се влошува.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.