27 Април, 2024
0.1983

Лазаров воодушевен од публиката, Гонзалес ќе оди чекор по чекор

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Машката ракометна репрезентација на Македонија ја оствари првата победа во првиот натпревар од Европското првенство кое се игра во Загреб против селекцијата на Словенија која претходно важеше за благ фаворит поради минатите успеси на големите собир. Сепак, Македонија предводена од капитенот Кире Лазаров и одличниот стратег Раул Гонзалес со смирена игра и самодоверба успеа да победи со еден гол разлика во драматичен натпревар полн со тензии, пресврти и неизвесност до самиот крај.

Задоволни сме, дојдоа многу навивачи, секоја чест за тоа и победата им ја посветуваме ним. Не беше лесно, бевме под голем притисок, знаевме што значи оваа победа. Победивме квалитетна репрезентација која имаше поставена цврста одбрана со високи играчи, имам чувство како да сме одиграле два натпревари денеска“ посочи Лазаров по натпреварот. 

Македонскиот селектор, Раул „Ел Команданте“ Гонзалес смирен како и пред победата над Словенија без преголем триумфализам најавува посветеност натпревар по натпревар.

„Ја победивме Словенија и сега имаме два бода. Задоволен сум од сите мои ракометари, ја победивме третата репрезентација на светот. Во првите 15 минути игравме лошо, промашивме многу шанси во нападот, како и ситуации каде што беше „еден на еден“ со голманот, но во продолжението заигравме многу подобро. Нападот беше многу добар, одбраната исто така, морам да бидам задоволен, но и што поскоро да ги насочам своите мисли и мислите на моите ракометари на дуелот со Црна Гора“ истакна селекторот.

Во понеделник Македонија ќе се соочи со Црна Гора, а Словенија ќе игра со шампионот Германија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“