ЛДП: Како ДПМНЕ стана најбогатата партија во една од најсиромашните земји во Европа?
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016
Портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ денеска изјави дека очајните се обидите на поранешниот премиер, Никола Груевски преку најава на задоцнети проекти да го отргне вниманието на јавноста од сомнителните активности на неговата партија.
- Партијата на Груевски веќе една недела молчи како ДПМНЕ успеа да стане најбогата партија во една од најсиромошните држави во Европа. ВМРО-ДПМНЕ цела недела нема одговор на наводите изнесени од Центарот за истражувачко новинарство Скуп, како ДПМНЕ се стекна со својот партиски имот од 2006 година до денеска, вели Јаневиќ.
Од ЛДП поставија низа прашања меѓу кои и тоа дали имотот на ДПМНЕ вреди 60 милони евра, што ја прави партијата најбогата на европскиот континент, дури побогата и од ЦДУ, партијата на Ангела Меркел, дали новото партиско седиште вреди 40 млн. евра и дали е точно дека во 2015 година во партијата ВМРО-ДПМНЕ се пријавени само 2 лица како вработени?
- ЛДП смета дека дека не може партија која има огромен имот за кој не може да му го објасни потеклото да биде иземена од можноста за кривично гонење како правно лице, вели Јаневиќ.