Легендарен голман на Пелистер почина од Ковид-19
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2020
Синоќа на 70 годишна возраст почина легендарниот голман на фудбалскит клуб Пелистер од Битола, Томе Димитровски – Тарзано, а како причина за смртта е наведена ковид-19.
Тој е и поранешен капитен и дел од стручниот штаб на битолскиот клуб и тренер во фудбалската академија, а скоро цела своја кариера ја помина во дресот на битолскиот клуб.
За клубот од Тумбе кафе дебитирал во 1968 година а безмалку бранел до 40-годишна возраст.
Димитровски ќе биде погребан во текот на денешниот ден, а натпреварот од десеттото коло на ПМФЛ меѓу Пелистер и Струга Трим Љум ќе започне со едноминутно молчење.