19 Мај, 2024
0.0308

Ленче Ристоска: СЈО ќе ја врати својата најголема доверба кај граѓаните

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Обвинителката за случаите со прислушкуваните материјали, Ленче Ристоска, во разговор за Дојче Вели признава дека Специјалното јавно обвинителство во последно време има намален рејтинг кај граѓаните, но и додава дека истото повторно ќе ја врати својата најголема доверба во јавноста.

- Лично сметам дека падот на довербата во СЈО е последица на повеќе околности од кои дел се поврзани со општествено политичките случувања во земјата, а се доведуваат во корелација со работењето на институциите на системот. Се надевам дека во периодот што следи СЈО ќе успее да ја врати довербата на граѓаните, бидејќи довербата на граѓаните во институциите е од суштинско значење за унапредување на состојбите во нашето општество, вели Ристоска.

На едно од прашањата вели дека приоритет во понатамошното работење на СЈО е да ја задржи својата независност и неутралност во работењето.

- Според мое мислење, не е важно дали продолжувањето на мандатот на СЈО ќе биде регулирано со посебен закон или не. Она што сметам дека е значајно е СЈО да ја задржи автономноста и финансиската независност, бидејќи на таков начин се обезбедуваат неопходните услови за работа и се гарантира независноста во постапувањето. Исто така, се согласувам со ставовите на Јавниот обвинител на Република Македонија, дека треба да се изнајде соодветен механизам преку кој ќе се овозможи контрола на работата на СЈО, смета таа.

Обвинителката на СЈО од неодамна е назначена за координатор на активностите со Европравда и смета дека и Македонија ќе има бенефит од таа нејзина нова улога во меѓународните случаи.

- До овој момент преку Европравда од Република Македонија е побарана меѓународна правна помош во 15 случаи, за кои верувам дека во блиска иднина успешно ќе биде обезбедена побараната меѓународна правна помош. Исто така, верувам дека во периодот што следи и Република Македонија ќе побара помош преку Европравда во дел од кривичните постапки кои се водат кај нас и кои имаат меѓународни елементи. Во овој момент би се воздржала од именување на актуелни случаи каде најбрзо би се покажале ефектите, наведе Ристоска.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“