08 Мај, 2024
0.0257

Ленин: Ако не се прифати предлогот во понеделник блокада на главните крстосници

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Како што знаете, денеска, приватните превозници се откажаа од блокирање на градот поради барањата на граѓаните, но и поради молбите да има проток на движење за граѓаните и за децата кои треба да присуствуваат на Златно славејче. Како што гледате се е проодно, но тука сме за градоначалничката да види колку сме на број. Ова го истакна денеска Ленин Јовановски, директорот на „Слобода превоз“.

Тој истакна дека по средбата меѓу приватните превозници, се договориле дека сакаат да им излезат во пресрет на граѓаните, но се уште нема договор со градоначалничката на град Скопје. 

- Бидејќи градоначалничката не ги прими да ги сослуша превозници, да кажеме дека не сме тука да вршиме притисок, ние преку медиумите сакаме да порачаме дека, тука сме да кажеме дека и ние сакаме најбрзо што може да се надмине оваа ситуација. Значи, сакаме да им излеземе во пресрет и на граѓаните, и сакаме да потенцираме дека приватните превозници се спремни да почнат со работа веднаш штмо се рачисти долгот, бар дел од долгот, за да се надмине ситуацијата. Гледаме дека преку советот има разни стимулации за ЈСП, сега има дополнителни средства и за други јавни претпријатија. Приватните превозници вршат јавна дејност, и за да ја вршат им требаат средствата - укажува Јовановски.


Тој дополни дека „Доколку навистина сакаат да се реши проблемот, еве шанса, тие ќе почнат веднаш да го вршат превозот... и ќе го вршат се додека не се реализира новиот концепт. За да нема вакви гужви низ градот, а кога ќе се почне да функционира новиот оглас, да продолжи превозот со новите превозници со кои ќе се потпишат договори. Ова е најоптимално решение, за да не им штетиме на граѓаните“.

Тој истакна дека доколку имаме некакви сигнали, некаков одговор и некакво решение за оваа ситуација, за овој предлог кој сега го даваат, на кој инсистираат да се прифати, тогаш ќе престанат протестите.

- Во спротивно, масовниот протест на приватните превозници кој го најавивме со блокирање на крстосниците кај Мавровка, Црвен Крст и Илинденска ќе се реализира во понеделник - потенцираше Јовановски. 

Тој дури предложи и советот на град Скопје да изнајде решение, да издвои средства за приватните превозници, кои дури и немора да е исплата на севкупниот долг, туку поголем дел, и да продолжи да се серивисираат трошоците согласно договорот. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава