16 Јануари, 2025
0.0490

„Летечкиот Македонец“ прв на легендарната Имола (ВИДЕО)

Иџе сепак излета од патеката во втората трка по судирот со Клаудио Труфер

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе го освои првото место на првата трка на патеката Имола „Летечкиот Македонец" извозе маестрално во првата трка и стигна до деби победа во ЕТЦЦ шампионатот. Македонскиот пилот иако стартуваше четврти својата извонредна класа ја покажа по само пет круга кога ги мина тројцата пилоти кои стартуваа пред него. Нашиот автомобилист го имаше и најбрзиот круг 1:54.422 минута.

Најдобриот македонски автомобилист на оваа трка доби шанса да настапува во „Сеат Леон ТЦР“, односно го доби на располагање автомобилот на Младен Лалушиќ од српскиот тим „Леин Рејсинг“, и веднаш ги покажа своите квалитети во ситуација кога вози подобар автомобил.


По триумфот, Игор Стефановски Иџе стартуваше од осмата позиција на втората трка што се возеше попладнево. Според пропозициите, првите осуммина од првата трка стартуваат по обратен редослед од пласманот во втората трка, па Стефановски појде од осмотото место. Клаудио Труфер стартуваше како втор, но падна до шестото место откако беше заобиколен од другите возачи, а во третиот круг на свиокот Тоса и Иџе тргна да го помине, во што успеа при возењето на нагорнината. 

Сепак, кога дојдоа на следниот свиок обајцата се најдоа во заштитниот појас, по што беше пуштено возилото за безбедност.

Тој ја заврши својата дебитантска сезона во ЕТЦЦ со 14 освоени бода, десет од нив за триумфот во Имола, но мора да се истакне дека Стефановски не возеше на три трки од ова натпреварување во финишот од сезонава.


Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката