Летото допрва доаѓа – нè чека пеколна есен!
Објавено во: Стил 28 Август, 2015
Жешките денови допрва доаѓаат. Високите температури ќе продолжат низ целиот Балкан и во текот на есента, само со одредени варијации во зависност од локацијата.
Ова го тврди метеорологот Ален Реперт од сајтот accuweather.com.
Според неговите прогнози, жешките теператури ќе се задржат и до ноември во голем дел од Европа, а најмногу на Балканот. Најтопло ќе биде во Украина, Германија и Полска.
Неговиот колега пак, метеорологот Тајлер Ројс прогнозира дека над јужниот дел од Балканот доаѓа облак кој ќе предизвика бура и поројни дождови.
Ова претставува ризик за некои подрачја во Италија и југот на Балканот кои и претходно имаа проблеми со поплави.