19 Мај, 2024
0.0281

Левица бара одговори за тендер на општина Аеродром: Дали позади овој тендер се крие коруптивна зделка?

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Претставниците на политичката партија Левица преку својот Фејсбук профил прашуваат зошто општина Аеродром плаќа дури 20 илјади евра за изнајмување на принтери. 

Во нивниот пост тие укажуваат дека на распишаниот тендер победила компанија која има само он лајн продавница, но нема податоци за сопствеништво, ниту директор ниту продавници за посета. 

20.000 ЕВРА ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ ПРИНТЕРИ КАКО ШЛАГ НА ТОРТА ЗА КРАЈ НА ГОДИНАТА - стои во насловот на објавата. 

Од многуте недомаќински бисери на градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски, деновиве осамна најновиот “бисер“. Имено, општината распишува тендер за изнајмување на фоткопир машини во висина од скоро 20.000 евра. Тендерот го добива претпријатието ДОО Стерна – увоз-извоз.

Ако земеме предвид дека цената на еден фотокопир апарат се движи од 300 евра за користен апарат, па до 3000 евра за нов апарат со повеќе од пристојни перформанси, тогаш не можеме, а да не се запрашаме - Зошто општината треба да изнајми копир апарати, наместо истата сума да ја потроши за набавка на нови и на тој начин трајно да го реши проблемот?
Јавно го прашуваме градоначалникот зошто изнајмување, а не купување на фотокопир машини?? Дали позади овој тендер се крие коруптивна зделка?? Што се крие зад овој нелогичен тендер?? - пишува во објавата која може да ја видите во продолжение. 

Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама