14 Декември, 2025
0.0361

ЛЕВИЦА: Иако имале информации за дестабилизација - властите тотално потфрлија

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2024 18:27

Добивај вести на Viber

Oд Левица велат дека власта потфрлила иако имала информации за дестабилизација. 

Велат дека властите имаа цели 5 месеца да ја превенираат ,,најавуваната од Мицкоски" дестабилизација, а тотално потфрлиле. 

„Крајно скандалозни се изјавите на премиерот Христијан Мицкоски и неспособниот министер за внатрешни работи, Панче Тошкоски, коишто при вчерашниот тотален хаос, беззаконие и безредие при прославата на ,,албанското знаме", упатија честитки и задоволство од наводното професионално, соодветно, навремено и државничко постапување на Полицијата! Денешните изјави на министерот Панче Тошковски и премиерот Христијан Мицкоски дека при синоќешните нереди Полицијата „постапила професионално, соодветно, навремено и државнички“, се врв на цинизмот и навреда за македонскиот народ!“, велат од Левица. 

Прашуваат како може да се нарече „професионално“ тоа што полицијата не презеде никаква акција додека вооружени лица во центарот на градот пукаа со огнени оружја.  Прашуваат како може да биде „државнички“ кога полицијата немо стоеше додека македонските национални симболи беа газени, палени, понижувани, демонстративно уништувани. 

„Омраза се ширеше неконтролирано, без никакви обиди за спречување на ескалацијата!
Вчера, низ улиците на македонските градови, македонските граѓани беа оставени сами на себе - загрозена им беше безбедноста, се блокираа улици, се промовираше насилство и омраза. Факт е дека Полицијата раководена од Тошковски, на вчерашните настани беше само декор и одби да постапи согласно своите должности и надлежности за превенција и зачувување на јавниот ред и мир. За да биде иронијата поголема, Панче чекал снимки од граѓани за да знае каде да праќа полиција! Оттука, им укажуваме на Мицкоски и Тошковски дека нивната сервилност кон коалициониот партнер ВРЕДИ, коишто беа организатори на повеќе провокаторни настани ширум државата, е она што ќе го прелее трпението на македонските граѓани. Според информациите, коишто ги изнесоа медиумите, биле пријавени повеќе од 750 инциденти, но приведени се само осум лица.
Македонскиот народ и Левица бараат неселективна правда, достоинство, безбедна држава, а не влада која толерира хаос и ја потценува интелегенцијата на граѓаните на сметка на коалициониот мир!“, додаваат од Левица. 

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три полнолетни лица за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик, додека против уште едно малолетно лице ќе се води редовна постапка според Законот за правда за децата, информираат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово