18 Мај, 2024
0.0293

„Левица“: Ние не им даваме наредби на нашите членови, сами одат да помагаат

Објавено во: Македонија 07 Август, 2021

Добивај вести на Viber

„Левица“ во својата реакција во јавноста објави дека, за разлика од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од таму, не им даваат наредби на своите членови да помагаат во справувањето со пожарите. Партијата вели дека нејзините симпатизери самоиницијативно одат да помогнат без да чекаат директива од партиски штаб.
„Деновиве сме соочени со силни пожари насекаде низ Републиката, кои направија огромна штета на голем дел од населените места.

Истовремено се соочивме и со неспособноста на власта брзо и ефикасно да се справи со овие пожари, што од недостаток на кадар и средства, што од желбата да се добие на пи-ар во јавноста токму пред избори.

И додека партиски војници под наредба на партијата на власт, како и од „најголемата опозиција“ се фотографираат и снимаат низ сите засегнати места за тоа колку „помагаат“, наши членови самоиницијативно, без никаква директива, се активираат скоро низ сите жаришта низ Македонија – Кочанско, Делчевско, Кумановско, Кавадаречко, Скопско, Светиниколско... бидејќи, Македонија ја чуствуваат за свој дом! Затоа знаат како на соседите да им бидат соседи, на пријателите - пријатели, на човекот - човек. Затоа, сега кога најмногу е потребно се на терен и помагаат каде што е потребно.

Начелото дека треба сами да се избориме за нашиот дом, треба да ни биде водилка во овие мрачни времиња. Нам не ни требаат никакви месии за спас, нам ни треба самоиницијативност, храброст и заедничка борба за подобро утре!“, соопшти „Левица“.


Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци