Добивај вести на Viber
„Левица“ поднесе кривична пријава против Шкодране Дардишта, функционерката од ДУИ, за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз национална основа.
- Пријавената се терети дека по пат на информациски систем, на социјалната мрежа Фејсбук, објавила заканувачки статус во кој се повикува на Војната од 2001 година, во која животот го загубија стотици македонски граѓани. Кривичното дело е сторено против државата и нејзините државјани, со цел да се повредат националните чувства на Македонците, а инспирирано од длабока национална омраза и меѓуетничка нетрпеливост.
Побудите од кои се водела обвинетата при вршење на ова кривично дело се понижување на безбедносниот систем, т.е. упатување отворена закана по јавната безбедност на државата, преку повикот за напад врз државните институци и преку сеење страв и загрозување на сигурноста на сите граѓани кои живеат во Републиката и кои истата ја чувстуваат и сакаат како своја татковина, се вели во соопштението на политичката партија.
„Левица“ очекува Основното јавно обвинителство сериозно и експедитивно да ја земе во предвид кривична пријава, да ја повика на распит Дардишта и да покрене обвинение.