ЛЕВИЦА: Во ниту една унитарна држава на постојат две паралелни академии на науки
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2024 15:54
Oд Левица обвинуваат дека Албанската академија на науките е чекор кон федерализација на државата.
Велат дека со тоа се урнисува унитарноста на Македонија.
„Имено, новиот партнер на ДПМНЕ во власта, ВРЕДИ, наместо да донесе нови, прогресивни идеи (ослободени од етно-трибализмот), повторно демонстрира дека нивното практикување власт, по над дваесетте години на ДУИ, не значи промена – туку замена. Во ниту една унитарна држава НЕ постојат две паралелни научни академии, затоа што науката не може да биде заробена од етнички концепти. Ваквите етно-шовинистички барања на ВРЕДИ единствено ја продлабочуваат веќе длабоко наметната бинационална држава и дополнително водат кон федерализација“, соопштуваат од Левица.
Во соопштението додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ се „изненадени” од ваквите изблици.
„Потсетуваме дека токму Билал Касами од ВРЕДИ отворено ги има промовирано своите великоалбански претензии, па дури и изјавуваше дека Македонија (после Косово) ќе стане трета албанска држава. Наместо поништување на штетните политики кои длабоко го дезинтегрираа македонското општество и доведоа до негова либанизација, јасно е дека и новата владејачка гарнитура нема капацитет, ниту пак политичка волја за враќање на унитарноста на македонската држава“, велат од Левица.
За Максим Димитриевски од ЗНАМ, барањето за Албанска академија е постизборен популизам.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ја имаме МАНУ и дека таму има научници од различни етнички припадности. Инаку, пред избори од Вреди споменуваа и отворање на албанска банка.
Можеби ќе ве интересира
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина
Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово




