ЛИБАНЕЦ: Се правев дека сум мртов и преживеав
Објавено во: Свет 02 Јануари, 2017
Либанецот Фрасоа Ал Асмар вели дека за време на терористичкиот напад во Истанбул, глумел дека е мртов и така преживеал.
Бил ранет во рамо, и раскажува дека напаѓачот немилосрдно пукал во луѓето.
„Прво слушнавме пукање, и мислев дека се работи за некој пијан или лут човек, но за неколку секунди се слушнаа истрели од автоматско оружје“ - вели тој.
Додава дека се криел зад маса, при што напаѓачот другите ранети ги убил, а него го прескокнал.
Французинот Јанис Турк вели дека напаѓачот пукал 20 минути.
Напаѓачот одблиску ги убивал луѓето во клубот.