26 Април, 2024
0.0288

ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА: Наместо да поевтини, струјата ќе поскапи

Објавено во: Економија 01 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Целосната либерализација на пазарот на електрична енергија стартува од јануари следната година, што значи дека и граѓаните ќе можат сами на пазарот да изберат кој ќе ги снабдува со струја. Но, дел од компаниите кои имаат лиценци за снабдување сметаат дека ваквото отворање на пазарот, наместо пониски, ќе донесе повисоки цени од оние што сега ги определува Регулаторната комисија за енергетика. „На слободниот пазар цената ќе биде многу пониска, но имајте на ум дека треба да се плати и мрежарина. Според тоа, вкупното ќе биде нешто повисоко“, смета Златко Черепналковски, ЕДС. „Македонија е во различна ситуација, бидејќи успева да покрие само 70% од потребите со сопствено производство на енергија и според мене ова ќе влијае повеќе отколку локалната организација и секако субвенциите ќе мора да се решат, со оглед дека на слободниот пазар субвенции за електрична енергија не постојат“, изјави Гунтер Брамбек, ЕВН. Либерзализацијата се одвива во повеќе фази - за комапниите што веќе излегоа на слободниот пазар и сами си ја купуваат струјата, тоа донесе поевтинување, додека пак за домаќинставата се очекува обратен процес и поскапување. Регулаторната комисија за енергетика од денеска ја покачи цената на струјата за 3,45% и најави дека оваа цена ќе важи до 1 јули следната година. Но, според најавите на компаниите-снабдувачи, граѓаните практично можат да очекуваат уште едно поскапување веќе за шест месеци.  

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти