Добивај вести на Viber
Наместо 15 дена, постапката за добивање лиценца за продажба на алкохолни пијалоци се скратува на четири дена, најави министерот за економија Беким Незири.
„Скратувањето на постапката за добивање на лиценци е поради зголемениот обем на работа на угостителите во летниот период, но и забрзување на постапката заради непречено функционирање на субјектите.Ова е посебно значајно бидејќи 700 лиценци за продажба на алкохол истекуваат во септември, а 900 до крајот на годината“, вели Незири.
Постапката може да се продолжи уште за три дена доколку барателот има некомплетна документација и е потребно да ја дополни. Новина е и тоа што на интернет страницата на Министерството за економија ќе може директно да се провери до каде е постапката за издавање на лиценцата.