09 Октомври, 2024
0.0238

Лидија Трипуноска: Женското лидерство бара здружување

Објавено во: Стил 14 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Тематскиот ден „ДАМА-ДА – Здравјето и убавината во функција на современата жена“, ќе се одржи на 31 март 2018 година во „Холидеј Ин“. Целта на овој ден е да даде придонес кон современиот животен стил преку бројни едукации, предавања, информации, дебати и дискусии. Ексклузивна гостинка е Јелена Бачиќ Алимпиќ, позната новинарка, водителка и писателка од Србија. Повеќе за овој интересен ден во чиј фокус е жената и сите прашања со кои таа се соочува во современото општество во интервјуто  со г-ѓа Лидија Трипуноска, генерален менаџер на Агенција МАРИЛИ. 

Женски Магазин Која е целта на тематскиот ден кој ќе се случи на 31 март во „Холидеј Ин“?

Лидија - Тематскиот ден „ДАМА-ДА – Здравјето и убавината во функција на современата жена“, што ќе се одржи на 31 март 2018 година во „Холидеј Ин“, има за цел да даде придонес кон современиот животен стил преку бројни едукации, предавања, информации, дебати и дискусии. Истовремено, овозможува дружење, вмрежување и учество во хуманитарни проекти. Но, овој проект не е само еден ден, тој е само финалето на сите теми што агенцијата ги обработува во текот на целата година, а особено во првото тримесечје. Ова е проект што трае веќе 4 години, а годинава е ребрендиран со новото лого „ДАМА-ДА“. Постојано и опширно зборуваме за горливите теми кои се важни, особено за здравјето на жената, преку интервјуата со доктори, фармацевти, дерматолози и слично. Зборуваме за личен развој и кариера, развој на комуникациските вештини, па се до здравиот начин на исхрана. Секако, финалето на оваа кампања е тематскиот ден, каде треба да се развие дебата за тоа што е современа жена од денешен аспект. Сето ова надополнето со хуманите компоненти, односно, хуманитарна аукција на уметнички слики, од која собраните средства ќе бидат донирани во ЈЗУ Здравствен дом- Прилеп. На крајот, тематскиот ден ќе заврши со извлекување на неколку ексклузивни награди наменети за жената. Во тоа наградно извлекување ќе бидат вклучени оние кои учествувале во интернет наградната игра и биле споделувани од бројни читатели.Значи, севкупно различни содржини кои надополнети со меѓусебно дружење и вмрежување ќе ѝ пружат задоволство на секоја современа жена, посебно на овој убаво поминат саботен ден.