20 Декември, 2025
0.3397

„Лидл“ влегува во Србија – Дали тоа ќе ги намали цените и до 20 отсто?!

Објавено во: Балкан 20 Август, 2013 13:16

Добивај вести на Viber

Експерти од Економскиот факултет во Белград  сметаат дека доаѓањето на „Лидл“ во Србија ќе влијае на другите трговски компании да ги намалат цените, но и на целата економија.

Стипе Ловрета, професор на Факултетот, смета дека многу е позитивно што „Лидл“ наскоро ќе отвори супермаркети во Србија и додава дека сега не постојат други дисконтни ланци како „Лидл“, кои водат агресивна ценовна конкуренција, во која цените се и до 20 отсто пониски од останатите супермаркети.

“На Србија и недостасува конкуренција и различни трговски формации. Доаѓањето на „Лидл“ ќе влијае и на другите трговски компании да ги намалат  цените, но и на целата економија. Сите државни институции мора да го поддржат доаѓањето на германската компанија“, потенцира Ловрета, објави „Лидер“.

Германскиот дисконтен ланец “Лидл“, пред неколку дена купи земјиште во Србија за изградба на 10 супермаркети.

Но, како што пишуваат медиумите во Србија, во „Лидл“ не сакаат да прецизираат на која точно локација во престолнината и кога ќе биде отворена првата продавница.

Освен во главниот град компанијата досега купила земјиште во Ваљево, Суботица, Нови Сад, Зрењанин, Ниш и Смедерево. Иако од Чачак, Крагуевац и Кикинда најавуваа доѓање на „Лидл“, сепак нема потврда дека се купени плацеви на овие локации.

Во „Лидл“ велат „се уште не бараме работници. Информациите за отворање на конкурсите за вработување ќе бидат објавени во дневните новини и на Интернет порталите, така да дури тогаш заинтересираните ќе можат да се пријавуваат“.

Отворањето на „Лидл“ филијалите на пазарот во Србија ќе овозможи работни места, не само во Белград туку и во другите градови, каде ќе работи компанијата, но и здрава конкуренција во секторот трговија – напоменуваат од „Лидл“.

Компанијата на новите пазари прво обезбедува локации, а потоа истовремено отвора повеќе објекти.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација