18 Мај, 2024
0.0299

Продолжува спорот на „КОМПСИ“ за патните трошоци

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Членовите на Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер по судски пат бараат наплата на пари за превоз од и до работното место. Ова го обелодени Државниот завод за ревизија во својот извештај за работата на Комисијата за минатата година.

Трошоците за превоз, според ревизорот, се незаконски направени и не треба да им се исплатат.

Ревизорите објаснуваат дека за периодот од 2012 до 30 јуни 2016 година без законски основ пресметани и евидентирани се обврски за превоз на членовите на Комисијата во износ од 1.531.000 денари (25.000 евра).

Почнувајќи од 2009 година со воведување на концептот бруто плата, надоместокот за превоз до и од работното место не е предвиден како посебен надомест, туку истиот е вкалкулиран во бруто платата на вработениот. Правото на кое се повикуваат во Комисијата, согласно Законот за работни односи, се однесува на организиран превоз, кој работодавачот може да го организира за своите вработени до и од работното место.

На членовите на Комисијата кои живеат надвор од Скопје, во периодот од 2012 до 2016 година, им се пресметува надомест за превоз врз основа на донесени поединечни решенија од страна на Претседателот, во кои се повикува на правото од Законот за работни односи.

Во текот на 2016 година, со налог за извршување по судско решение, исплатени се вкупно 855.000 денари (14.000 евра), од кои 692.000 денари (11.000 евра) на име неизмирени обврски за членовите на Комисијата од октомври 2012 до септември 2015, а 163.000 денари трошоци на извршувањето.

Во април 2016 година, Претседателот на Комисијата Ѓорѓи Сламков, со неколку дописи има побарано мислење од Комисијата за прашања на изборите и именувањата при Собранието на РМ и Министерството за финансии во однос на прецизирање кој орган ја има надлежноста за утврдување на правото на надомест за превоз , како и доколку има законски основ за исплата на овој вид надомест, на кој начин истиот треба да се документира.

Во септември 2016 од Комисијата за избори и именувања, добиен е одговор дека Комисијата на Сламков со свој акт може да го уреди прашањето на надоместокот на трошоците, начинот на негово остварување, правдање, без притоа конкретно да ги наведат трошоците за превоз до и од работното место.

Ревизијата обелоденува дека од страна на Претседателот на Комисија во јуни 2016 година до Основен суд Скопје 2 доставен е предлог за повторување на постапката. Судот предлогот го усвоил и дозволил повторување на постапката и укинување на претходната пресуда. Судската постапка е во тек.

Комисијата преполовена, носи важни одлуки со климаво мнозинство

Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер е составена од претседател, заменик и три члена, кои функцијата ја извршуваат професионално со мандат од пет години и со право за повторен избор кои по предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги именува и разрешува Собранието на РМ.

Од 2012 година во континуитет Комисијата не работи во целосен состав, пишува во ревизорскиот извештај. Од април 2016 година, истата работи со три члена, поради престанок на мандатот на двајца членови по други основи. По објавениот оглас за избор на претседател и членови на Комисијата, во април 2016 година, еден месец по завршувањето на мандатот на претходниот претседател, извршен е избор само на нов претседател на Комисијата, а не и на членови.

„Недоволната екипираност на Комисијата ја доведува во прашање легитимноста на одлуките кои ги носи согласно своите ингеренции, поради што ревизијата смета дека надлежните органи треба да преземат мерки и активности за назначување на членови на Комисијата“, препорачува Државниот ревизор.

Оваа Комисија одлучува по жалби против решението и заклучокот со кој имателот на информацијата го одбил барањето за пристап до информации на лицата кои барателе информации. Понатаму, се грижи за спроведување на одредбите од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, подготвува и објавува листа на иматели на информации, презема активности на планот на едукацијата на имателите на информации за овозможување на барателите слободен пристап до информациите со кои тие располагаат.

Во 2016 година, која е година за која се однесува ревизорскиот извештај, на чело на Комисијата се смениле тројца претседатели.

До 16 март 2016 претседател бил Пеце Ташевски, од 17 март до 30 април 2016 Блерим Исени, како заменик претседател кој ја застапува Комисијата и од 4 април 2016 и се уште актуелен претседател е Ѓорѓи Сламков.

Сламков пред да биде именуван во Комисијата беше член, а еден мандат и претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“