ЛИСТА НА НАЈДОБРИ ЗЕМЈИ: Каде е Македонија и соседите?
Објавено во: Балкан 31 Јануари, 2018
На годишната листа на „US News & World Report" се најдоа Канада, Швајцарија и Германија.
Во однос на лани Германија има напредок и ја надмина Велика Британија.
На 78 место од вкупно 80 се најде Србија, која е само пред Ангола и Алжир поради лошото живеење, моќта, културата.
Унгарија е 38, Хрватска е 50, Словенија 53, Романија е 54, Бугарија 56, додека БиХ, Македонија и Црна Гора воопшто ги нема на листата.
Во топ 10 се Јапонија, Шведска, Австралија, САД, Франција и Холандија.
Втора година по ред САД паѓа на листата и за многумина овој пад е поврзан со претседателот Доналд Трамп.
За да се направи оваа листа анкетирани се 21.000 луѓе ширум светот.