ЛИСТА НА НАЈПАМЕТНИ ЗЕМЈИ: Дали сме во топ 10?
Објавено во: Свет 13 Јануари, 2019
Познато е кои десет земји во светот важат за најпаметни.
Vouchercloud е порталот кој направи листа од најпаметните земји во светот. Следени се неколку параметри: бројот на добиени Нобелови награди, резултати од тестови на интелигенција и научни достигнувања.
Јапонија е број еден и има најдобри резултати во секоја област. Зад неа е Швајцарија, а потоа меѓу првите пет се и Кина, САД и Холандија.
Понатаму следат Русија, Белгија, Обединето Кралство, Канада, Јужна Кореја.
Германија е на 12 место, а на листата се наоѓаат и Австрија, Финска, Норвешка, Австралија, Шведска, Полска, Израел, Франција и Сингапур.
Но, во 25 те први земји не се наоѓа Македонија, ниту една земја од Балканот.