09 Октомври, 2024
0.0293

ЉУБОВНИ ПРИКАЗНИ: Како се запознале брачните другари Панчеви, Плевнеш и Џорлеви

Објавено во: Стил 10 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Нова тура љубовни приказни,а оваа седмица наш избор се првите средби на брачните другари Панчеви, Плевнеш и Џорлеви

Маја и Дарко Панчеви

Заедно се две децении, а се запознале ненадејно, во кафуле. Македонскиот фудбалски ас неодамна во ТВ-шоуто на Драган Б. Костиќ откри дека познатата пејачка првпат ја забележал на „Макфест“ во 1998 година.

- На сцената се појави плава симпатична млада девојка која отпеа многу убава нумера. „Сакај ме ти“ се викаше песната. Помина одреден период, можеби 6-7 месеци кога случајно се сретнавме во едно кафуле во Капиштец. Седеше близу мене. Го направив првиот контакт за да ја пофалам за настапот на штипскиот фестивал. Се запознавме и многу ми се допадна. Во тој период мојот претходен брачен излет беше на климави нозе, бев послободен и едноставно коцките се наместија. Почнавме да излегуваме, се вклопивме и со размислувањата и така тргна авантурата–раскажа Панчев.

Oстанатите љубовни приказни прочитајте ги на Женски магазин, овде.