18 Мај, 2024
0.0342

Љупчо Николовски: Каде се протестите на ВМРО-ДПМНЕ?

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ, во денешниот разговор со МИА се прашува зошто ВМРО-ДПМНЕ не ги организира најавените протести и митинзи како опозиција пред вонредните парламентарни избори..

„Од друга страна нашиот политички опонент ВМРО-ДПМНЕ го нема никаде, најавуваа протести дека ќе оделе по улиците и плоштадите, но ги немаше никаде. Најавуваа помпезно некакви разговори со граѓаните на кои почнаа и да не се појавуваат, а сега зборуваат за некаква обнова пред домовите на граѓаните, на што народот се шегува и им вели „заклучи вратата, спушти ролетната, вмро ќе доаѓало по домовите”. Сето тоа доволно зборува за разликата во концептите. Ние сме постојано со граѓаните, тие се постојано во заштита на минатото раководство и затоа не можат да очекуваат ништо друго освен пораз на изборите. Ние се бориме за повисоки плати, тие
се борат за Груевски“, одговара Николовски во дел од поставените прашања.

Тој додава дека владеачката партија постојано работи на терен и собира идеи за предизборната програма и дека се посетени околу 220.000 семејства низ целата земја. 

„Од летото до сега, реализиравме 680 маалски и урбани средби и 400 теренски посети на одговорните партиски функционери низ општинските организации. Одржавме над 360 средби со граѓани во локалните средини од општинските организации. Организиравме над 30 трибини во цела држава под слоганот „На прав пат” на кои граѓаните масовно присуствуваа и комуницираа со партиското раководство на различни теми. Овој период го користиме за одржување на 15 програмско-тематски трибини „Агенда 20-24″ на кои заедно со граѓаните гледаме напред во иднината и ја креираме програмата на СДСМ за мандатот 2020 – 2024“, вели Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта