09 Октомври, 2024
0.0257

Лондон си доби билборд што заменува 275 дрвја

Објавено во: Стил 26 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Лондон си доби еколошки билборд што го пречистува воздухот со ефикасност на 275 дрвја, пишува порталот Wired.

Проектот е наречен City Tree (Градско дрво), и всушност се работи за високотехнолошки четири-метарски зелен ѕид, којшто содржи 1.682 контејнери со мов. Бактериите во мовта ги апсорбираат загадувачите на воздухот, а мовта ги апсорбира бактериите.

„Вертикалната градина“ има сензори за температура, за загадување на воздухот, влажност на почвата, како и сончеви панели.