Луѓе трпат за леб, а Европа фрла 88 милиони тони храна
Објавено во: Свет 01 Декември, 2016
Според проценките, во Европската Унија се фрлаат 88 милиони тони храна годишно или 53% отпад од домаќинствата.
Околу 20% од произведената хрнаа во ЕУ не се користи и на крај се фрла, а плус се прави штета од 143 милијарди евра што е неморално.
Од друга страна 55 милиони граѓани на Европа секој втор ден не можат да си обезбедат квалитетен оброк.
Европската комисија и Европскиот парламнет ќе преземат мерки оваа состојба да се надмине.
Се наведува дека ЕУ како една од најбогатите заедници има потреба да ја намали количината на храна која се фрла.
Од фрлената храна 19% е од преработувачите, а 12% е од рестораните.
10% фрлаат примерните производители во земјоделството, а 5% трговците.
Ако се продолжи со ова темпо до 2020 година, 120 милиони тони храна ќе завршат во оптад.