Лукаревска и Зеќири поднесоа оставки во Собранието
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2020
Мухамед Зекири и Сања Лукаревска поднеле оставка од пратеничката функција. Двајцата се членовина СДСМ. Лукаревска беше директорка на Управата за јавни приходи во претходниот мандат, но на последните избори стана пратеничка. Оставката се претпоставува е во функција на нејзино идно назначување на друго место во извршната власт, односно на директорска позиција.
Зекири се споменуваше како можен кандидат за директор на Фондот за здравствено осигурување. Владата вчера информираше дека ја прифатила оставката на Орхан Рамадани и го разрешила од должноста директор на Фондот на здравствено осигурување на Република Северна Македонија, на негово барање, а го именуваше Фатон Ахмети за в.д. директор на Фондот на здравствено осигурување до именување на директор по распишан конкурс, но не подолго од шест месеци.