ЛУКСУЗНОТО ПОРШЕ ГО ДАДЕ НА ЛИЦИТАЦИЈА ЗА ОПЕРАЦИЈА НА ЛУКА, детето кое се бори со агресивен тумор
Објавено во: Балкан 24 Јануари, 2023
Апелот за помош на петгодишниот Лука Стајковиќ кој се бори
со тумор на мозокот допре многу луѓе во Србија. Меѓу останатите и познатиот Саша Иќитовиќ направи голем чекор за да
му помогне на детето. Тој го огласи
своето луксузно „Порше“ на
продажба за да му помогне на малиот Лука!
Лука има малигнен тумор, медулобластом, степен 4 - најагресивен и опасен степен. Контролниот магнет покажал дека три недели по отстранувањето на туморот, кај малиот настанала метастаза и дека туморот се проширил по 'рбетот, рбетниот мозок и се вратил во мозокот. Малиот Лука веќе во најраното детство се соочи со загубата на својот татко, а сега и самиот се бори за живот на само пет години. Мајка му и тој како лавови се борат со тумор на мозокот кој му ја одзема способноста на Лука да оди, зборува и гледа.
Продолжувањето на лекувањето бара големи трошоци, поради што е потребна помош во вид на донации од сите хумани луѓе за да може Лука да продолжи со лекувањето и целосно да закрепне. Потребни му се средства за продолжување на лекувањето во земјата и странство, за лекови, суплементи, трошоци за сместување и патни трошоци.
Токму затоа и Саша одлучи да му помогне на Лука кој веќе на Инстаграм го ставиавтомобилот на аукција, а сите пари од продажбата ќе бидат наменети за лекување на болното мало момче.
„Сакаме да помогнеме во лекувањето на малиот Лук. Го ставам "Porsche Boxer S" на аукција. Почетната цена е само 10.000 евра. Аукцијата трае до 15 февруари. Вашите понуди пратете ги во коментар. Кој и да победи на аукцијата ќе ги уплати парите директно на фондацијата „Биди хуман“, напиша Саша на својот Инстаграм профил и на сите им посака среќа на аукцијата.
Судејќи според коментарите, засега највисоката цена што се нуди за овој атрактивен автомобил е 17.600 евра.
фото: InstagramМожеби ќе ве интересира
Четворица хрватски морепловци во притвор зошто овозможиле бегство на јахтата на Усманов

Албанската мафија инсталирала 39 тајни камери во Корча и Подградец за да ја следи полицијата

ЈАГМА ЗА ОВАА РАБОТА ВО СРБИЈА - заработуваат дури и повеќе од програмерите, а немаат фиксно работно време

ПУТИНОВИОТ ПРОПАГАНДИСТ ГО ФАЛИ МИЛАНОВИЌ - „Тоа не го кажува било кој, туку претседателот на Хрватска“

ДЕЛОВИ ОД ГРЦИЈА ПОД ВОДА: Службите спасуваа луѓе од лифтови и сечеа дрвја

Градоначалникот на Белград купил вила во Трст за 820 илјади евра - НЕ БИЛА ПРИЈАВЕНА

Дали Вучиќ ќе го потпише договорот за Косово или ќе има референдум?

ПОСВОИЈА ДЕВОЈЧЕ НА КОЕ МУ ПОЧИНА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО - хуманоста на Бранкица и Слободан го расплака регионот

Дипломатска офанзива: ЕУ бара од БиХ да воведе визни санкции за Русија
