17 Мај, 2024
0.0356

МАДУРО СО ЗАБРАНА ЗА ГУАИДО: Тој повика граѓаните да не молчат

Објавено во: Свет 29 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Властите во Венецуела на опозицискиот лидер и претседател на парламентот, Хуан Гуаидо му е забрането вршење јавна функција на 15 години, додека се обидува да направи државен удар против претседателот Николас Мадуро.

Главниот државен ревизор Елвис Аморосо, кој ја надгледува транспарентноста на државната управа во Венецуела, одлучил „да му забрани на граѓанинот Хуан Гуаидо вршење каква било јавна функција на која се доаѓа со учество на избори во најголемиот можен рок предвиден со закон“, соопшти на државната телевизија, односно во траење од 15 години.

Аморосо, кој е близок до Мадуро, вели дека Гуидо во својата даночна пријава не оправдал некои трошоци во Венецуела и во странство со пари од други земји.

„Тој бил на патување надвор од земјата кое чинело повеќе од 310 милиони боливари (околу 94.000 долари според сегашниот курс), не наведувајќи го потеклото на тие пари“, кажа венецуелскиот ревизор.

Тоа тело објави на 11 февруари дека почнува истрага против опозицискиот лидер и побара од јавното обвинителство „да ги преземе потребните чекори“, не наведувајќи други детали.

Гуаидо, кого за привремен претседател го признаа 50-тина земји, ја отфрли 15-годишната забрана за учество на избори на Аморосо, кажувајќи дека тој е нелегитимен.

Гуаидо ги повика поддржувачите да не молчат во време кога оспорениот претседател Никола Марудо се обидува да го спречи да ја преземе контролата врз Владата.

Мадуро, кој има поддршка од Русија, и добива карго помош и се` уште армијата стои зад него во Венецуела, изјави дека е мета на заговор од САД за насилна смена од власт.

Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји