Добивај вести на Viber
Иако утрово сите полетувања од аеродромот „Александар Велики“ беа реализирани, нешто после девет часот густата магла сепак го затвори скопскиот аеродром.
Откажан е летот на Туркиш Ерлајнс кон Истанбул, а задоцнување се очекува и на летовите за Берлин, Базел и Виена што треба да се реализираат до 13 часот.
За пристигнување, утрово се реализирал летот на Аустријан Ерлајнс од Виена, но затоа летот од Истанбул е целосно откажан, а од Берлин во 09:55 пренасочен кон аеродромот во Солун.
Доцнење се очекува и на слетувањата од Истанбул, Гетеборг, Виена и Лондон, кои треба да се реализираат до 13 часот.