18 Мај, 2024
0.0295

Македонци фатени со дрога во Грција

Објавено во: Македонија, Балкан 24 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Со шест килограми и 560 грама хероин, спакувани во 13 пакети и скриени во шасијата на автомобилот, двајца странски државјани, доцна синоќа се уапсени на влезот на грчкото пристаниште Игуменица, соопштуваат од грчката крајбрежна служба.

Според информации на дописничката на МИА од Атина, станува збор за македонски државјани на возраст од 41 и 48 години. Дрогата била скриена во внатрешноста на шасијата на автомобилот, а ја открило полициското куче.

Локалните медиуми пишуваат дека уапсените, со автомобилот, веројатно сакале да се качат на траект за Италија.

Грчката крајбрежна служба соопшти дека дрогата е запленета, како и патничкиот автомобил на уапсените.

„По извршената контрола на надворешната порта на пристаништето Игуменица, од членовите секторот за борба со дрога на крајбрежната полиција и по индикацијата од полициското куче „Леси““, во патнички автомобил што го возеше 41-годишниот, а 48-годишниот беше совозач, во специјално направени скриени дупки во внатрешноста на шасијата во задниот дел на возилото, беа пронајдени тринаесет (13) пакети хероин, завиткани со најлон со вкупна бруто тежина од шест килограми и петстотини шеесет грама (6.560 кг)“- велат од грчката крајбрежна служба.

Ова е трет случај, за помалку од четири дена, кучето со име „Леси“ на грчката полиција да открие шверцери на дрога на пристаништето Игуменица во северозападниот дел на Грција.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“