Македонци протерани од Италија-Каде згрешија?
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2016
Поради ширење на радикален ислам и регрутирање на лица со цел да војуваат во кризните подрачја на Блискиот Исток Италија депортираше пет македонски државјани.
Како што пренесоа дел од медиумите се работи за четворица мажи и една жена кои денеска со полициска придружба биле качени на авион и се на пат кон Македонија.
Сите петорица одржувале контакти со познати исламски радикални структури од Босна и Херцеговина.