Македонци што се преселија на Сејшели: Децата ни учат низ игри, а во училиште може да седат и боси
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2019 17:15
Боси без обувки, со игри и
песни во дворот, без обемни домашни, а со книга за читање преку викенд.
Македонци кои живеат на африканскиот остров Сејшели раскажуваат какво е
училиштето на нивната првооделенка. Семејството Димитровски од неодамна се
пресели во Сејшели, мал остров во група острови во Индискиот океан. Колку е
инспиративен по убавите предели и плажи, островов е специфичен и по
организацијата на животот, образовните практики.
Марија во училиште тргна во Скопје, но поради работните обврски на родителите семејството сега живее во Сејшели. Мајката Елена вели дека препознала голема разлика, но задоволството е и кај Марија, но и кај нејзиниот постар брат. Учат на интересен начин, низ игра, без напори и со смеење. Училиштето кое го посетуваат е приватно и по методот на Монтесори. Станува збор за образование кое се базира на насочена активност, практично учење и игра. Во училниците децата прават креативни избори во нивното учење, додека училницата и високо обучениот наставник нудат активности кои се соодветни на возраста за да го водат процесот. Децата работат во групи и поединечно за да ги откријат и истражат знаењата на светот и да го развијат својот максимален потенцијал.

„Има голема разлика помеѓу македонскиот начин и овој метод на образование. Моите две деца сега многу полесно го совладуваат материјалот што го учат. Ќерката е прво одделение најмногу еднаш во неделата имаат домашна работа. Најчесто учењето го завршуваат таму, исто така книгите им остануваат во училиште. И јас понекогаш се чудам како без редовни домашни ја изучиле азбуката, веќе множат по математика, а и секогаш се активни, еднаш во неделата ги носат на базен, ги учат да пливат, вели Елена.
Додава дека учениците во Сејшели во училиштето играат најразновидни логички игри, практикуваат тимски игри и ако некој од учениците се чувствува послободно без чевли, слободно може да ги соблече и да оди бос низ училница или низ дворот на училиштето.„Задолжително за време на викенд им даваат по една книга за читење, книгите се од Oxford. Секој ученик е различно рангиран, и според постигнатото ниво, ученикот добива книга за читење за време на викенд “, истакнува скопјанката.

Сејшели е единствената земја во Африка која има обезбедено образование за сите. Според Унеско во 2015 година земјата во согласност со шесте цели за образование за сите, утврдени од Организацијата на Обединетите нации за образование земјата ја подобрила грижата и образованието во раното детство, обезбедила и задолжително основно образование за сите деца, ги задоволила потребите за учење на младите луѓе и на возрасните, исто така оваа островска земја ја подобрила за 50 отсто писменоста кај возрасните, постигнала и родова еднаквост во образовниот процес, го подобрила образованието во секој поглед, особено во писменост, математика и основни животни вештини.

Можеби ќе ве интересира
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија
Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации
ИНТЕРВЈУ СО ПЕТАР ДЕНКОВСКИ: „Инвестицијата во Гевгелија е потврда дека остануваме сериозен партнер кој верува во потенцијалот на домашниот пазар“
(ВИДЕО): ОД 5 ЧАСОТ УТРОВО СЕ РУШИ ДИВОГРАДБА ВО ИНЏИКОВО: Стефковски ги предупредува граѓаните
„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат
„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ
Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште




