07 Мај, 2024
0.0238

Македонците главно трошат за храна, а за култура и рекреација се меѓу последните во Европа

Објавено во: Економија 14 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Македонија е една од земјите во Европа чии главни семејни трошоци се оние за храна  Од рангирање со 40 земји, таа е на 37-то место. Ова го покажува експертското истражување на РИА Новости во однос на учеството на трошоците за храна, рекреација и лоши навики.

Од семејниот буџет Македонија троши друи 37 отсто за храна, а Бугарија е една позиција погоре со 36,2 проценти за овој издаток. За споредба, Грците го имаат 22  место со одвојување за храна од семеен буџет за 20%, Романците се33-ти со 32,5%, по нив Србите за 34,2%,.

Луксембург е на првото место и жителите на оваа земја трошат само 8,4 отсто за набавки на храна. По нив следуваат Холандија и Велика Британија со 10,6% од трошоците. Исто така, помалку од 12% од овие трошоци имаат жителите на Ирска, Германија, Финска, Австрија и Норвешка. 

Општо, велат експертите, горниот дел од рејтингот се состои од економски развиени западноевропски земји. Најзначајно е учеството на трошоците за храна меѓу жителите на земјите од поранешниот СССР и Источна Европа. Во Казахстан жителите трошат најголем дел од семејниот буџет за храна од сите земји и се застапени во рангирањето со 49,4 отсто. Повеќе од 40 отсто за храна трошат жителите на Украина и Молдавија. 

Експертите исто така ги анализираа индикаторите за учеството на семејните буџети за рекреација и култура. Лидерите овде се економски просперитетни западноевропски земји - Шведска (18,7%), Велика Британија (13,1%) и Австрија (11,5%). 

Жителите на Казахстан имаат најниско учество во овој индикатор од 1,7%. Исто така помалку од 3% од приходите се трошат на рекреација и култура во Северна Македонија (1,8%), Украина (2%) и Молдавија (2,8%). 


Можеби ќе ве интересира

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?