03 Мај, 2024
0.0254

Македонците и Молдавците најтешко добиваат азил во ЕУ

Објавено во: Економија 12 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Македонците со еден отсто и Молдавците со нула отсто имаат најниска стапка на одобрување на барањата на азил во земјите од Европската Унија, а по нив следуваат Грузија и Гана со по два отсто, покажуваат последните бројки на Европската канцеларија за азил (ЕАСО). Истовремено, граѓаните од Македонија се и меѓу најупорните во нивната желба да добијат азил, односно заедно со граѓаните од Србија и Таџикистан се рекордери по бројот на повторни барања за азил.

Во текот на август, 349 граѓани на Република Македонија побарале азил во земја од Европската Унија, покажуваат . Од тие барања, најмалку една третина се повторни барања, откако еднаш веќе биле одбиени. Бројките на ЕАСО, велат дека 919 граѓани на Македонија се уште чекаат одговор за нивните барања.

Ваквите бројки продолжуваат релативно стандардно ниво на барања, со оглед на тоа што во јули бројката на потенцијални азиланти од Македонија била 351. Затоа, пак, пред една година, односно во октомври 2017 година, барање за азил имале 505 македонски граѓани.

Генерално земено, во ЕУ во август имало 48 илјади барања за азил, што претставува пад од осум илјади. Стапката на одобрување на барањата е 33 отсто. Лицата од Сирија, Јемен, Етитреа и Палестина имаат најголеми шанси да бидат одобрени нивните барања.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија