26 Април, 2024
0.0266

Македонците од игри на среќа најмногу обожаваат VLT-апарати

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Македонците од игрите на среќа најмногу сакаат да играат на VLT-aпаратите а потоа на се друго, покажува последниот независен годишен ревизорски извештај на Државната видеолотарија на Македонија.

Ако се суди според бројките на приходите, најомилена активност од игрите во 2017-та биле овие терминали кои обезбедиле 20 милиони евра вкупен приход. Ова воедно е убедливо најголемата сума, додека интересот за другите игри на среќа, според евидентираните суми, е многу помал.

Клиентите се повеќе покажуваат интерес за овој вид на забава, според потрошените пари кои се зголемиле за една третина по 12 изминати месеци. Ако во 2016-та приходот од овие апарати бил 874 милиони денари, во 2017-та тој изнесувал 1.23 милијарди денари.

Терминалите на овие електронски игри на среќа се поставени кај деловните партнери - обложувалниците и електронските казина низ целата земја со кои се склучени договори.

Кај другите виртуелни игри приходите се далеку помали, така што електронските игри на среќа оствариле 16 милиони денари, додека обложувањето во живо преку интернет забележува 11,7 милиони денари. 

Кај традиционалните игри најмногу средства се обезбедени од „Ново Лото“ во висина од 72 милиони денари во 2017-та, а следуваат „Среќни топчиња“ со 20 милиони денари и „Кено“ со 13,6 милиони. Кај грепките најпопуларни се „Авантура“ со 19 и „Златна Рипка 2“ со 13,6 милиони.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра