Македонците се уште далеку од европскиот просек: И натаму летувањето на многумина им е недостапно
Објавено во: Економија 20 Јули, 2020
Европската статистичка агенција ги објави бројките за 2019, според кои околу 29 проценти од жителите на земјите членки на ЕУ на возраст над 16 години не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор минатата година.
Во новите податоци на Евростат, за Македонија нема резултати за 2019, а останува стариот процент од 2018, според кој 57,5 проценти од жителите не можеле да си дозволат летување. Сепак, тенденцијата е овој процент да се намалува секоја година.
Сите земји-членки на ЕУ имаат повисок процент од Македонија, Така, од Романија 54 отсто од жителите не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор, пред Грција со 49 процетни, Хрватска со 48, Кипар со 45 и Италија со 44 отсто од испитаниците.
Од друга страна, само 10 проценти од жителите на Шведска не можеле да си дозволат еднонеделен годишен одмор, а тука некаде се и Данска и Луксембург со 11 отсто, Финска со 12 и Германија и Австрија – по 13 проценти.