Македонец настрада во пожар во Италија
Објавено во: Македонија 26 Март, 2019
Пожарникарите во Италија гасејќи пожар во угостителски објект во близината на Кротоне, пронашле мртов маж за кој подоцна е утврдено дека е 49-годишен македонски државјанин, објави порталот „Зум 24“.
Неофицијално македонскиот државјанин бил чувар во ресторанот. На лице место пристигнала полицијата, а екипата на брзата помош констатирала смрт на 49-годишното лице, кој бил познат под името Антонио.
Полицијата истражува како избувнал пожарот.