26 Април, 2024
0.0613

Критики на ОЕЦД: Македонија досега положи само два теста против корупцијата

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Законската заштита на т.н. „свиркачи“ и транспарентноста во јавните трошења се единствените сегменти од анти-корупциската политика што ги спроведува Владата, стои за Македонија во извештајот на ОЕЦД за конкурентноста на земјите од Југоисточна Европа. Но нема истраги и наоди на коруптивните дела, точна претстава за имотот на функционерите, ниту пак се контролира конфликтот на интереси. Во извештајот се тврди дека земјава нема антикорупциска стратегија, ниту пак јавни кампањи за подигање на свеста.

Македонија издвојува само 0,006 отсто од својот државен буџет за превентивна борба против корупцијата, додека во Црна Гора тој процент е 0,046 отсто, а во Косово е 0,007. Во развиените земји значајно повеќе.

Aко се споредува со годината претходно има напредок во имплементацијата на прописите, a се тврди дека високата корупција негативно се одразува на конкурентноста, инвестициите и даночната политика.

Во извештајот стои дека Антикорупциската комисија објавила само четири акти од септември 2017-та па до денес и е образложена целата постапка со случувањата со ова тело во земјава.

Во извештајот стои дека Владата на Македонија го вклучува граѓанското општество, односно невладините организации, во дебатите за отстранување на корупцијата. Исто така, им дава шанса да го изнесат своето мислење како да се подобри оваа област и на претставниците на помалите државни органи.

Се тврди дека подигнувањето на свеста кај граѓаните со јавни кампањи напредува, но не е задоволително и дека нема ниту еден пример на таква медиумска кампања од страна на Македонија.

„Кампањите не се доволно ефективни поради оскудноста на издвоените средства, кои претежно зависат од меѓународната заедница. На ова поле Црна Гора има најуспешна кампања, додека Македонија нема издвоено некој посебен буџет за ваква дејност, единствено што го помага ко-финансирањето на едукацијата за анти-коруптивност кај учениците во училиштата“, стои во извештајот.

OECD за Македонија препорачува да се подобри координацијата помеѓу органите, да се ангажира подобар стручен кадар и , ако е неопходно, да се зголемат платите. Нотирано е дека Македонија треба да размисли за измена на постапката за избор на клучниот персонал  во Државната комисија за спречување на корупција и  проценката на кандидатите за нејзиниот состав да се врши врз основа на заслуги. Треба да ја подобри и регионалната соработка со соседите и со економските субјекти во следењето на интернационалните трансакциски сметки.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра