05 Мај, 2024
0.0250

Македонија гаси жед, расте продажбата на „Прилепска пиварница“! Добивката скоро милион евра!

Објавено во: Економија 04 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Најголемата домашно поседувана пиварница има резултат за респект. За првите шест месеци производителот на „Златен Даб, „Крали Марко“, препознатливата „Газоза“ и другите газирани сокови книжи раст на продажбата од речиси половина милион евра. Добивката за пола година е речиси еден милион евра

Прилепска пиварницата има одлично полугодие. Расте продажбата, расте профитот, нема кредити. Најголемата домашно поседувана компанија за производство на пиво и безалкохолни пијалоци за првите шест месеци продаде пива и сокови во вредност од 12,2 милиони евра што е за 474.000 евра подобар резултат од претходната година.

Со солиден ангажман на домашниот пазар Прилепска пиварница ја зголеми продажбата за 4 отсто и таа за шест месеци изнесува 12,15 милиони евра.Тоа е резултат на почит и сам по себе доволно говори за тоа колку на домашниот пазар се бараат производите на пиварницата од Прилеп. Извозот секако е мала и небитна ставка во проходната структура. За првите шест месци изнесува 97.000 евра.

Оперативните расходи на друштвото изнесуваат 11,99 милиони евра и се зголемени за 5 отсто. Најголема расходна ставка се трошоците за суровини кои изнесуваат 5,06 милиони евра.

Оперативната добивка за првото полугодие изнесува 859.000 евра  и е за 30 отсто повисока во споредба со лани.

Финанскити приходи на Пиварница се намалени за 35 отсто во однос на лани и изнесуваат 118.000 евра. Но многу поважна вест за акционерите е таа што финансиските расходи се само 13.000 евра и се за 43 отсто пониски од претходната година.

Од билансот на состојба се гледа дека Прилепска пиварница нема кредитни обврски и целосно финансира од сопствени средства.

Билансот на состојба покажува дека обврските на пола година се на ниво од 5,23 милиони евра од кои кон добавувачите се 3,6 милиони евра. Побарувањата на друштвото се 3,7 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?